„Стив Џобс го измисли iPhone, а 20 години подоцна Apple не направи ништо“: Марк Цукерберг го критикуваше Apple

Точка

13/01/2025

13:00

1.744

Големина на фонт

а а а

Иако го признава iPhone како еден од најважните пронајдоци на сите времиња, шефот на Мета тврди дека Apple вовел некои произволни правила.

Марк Цукерберг, извршен директор на Мета, смета дека Apple долго време не смислил ништо особено впечатливо и дека компанијата живее од славата на минатите успеси.


„Стив Џобс го измисли iPhone, а 20 години подоцна, Apple сè уште спие на стара слава“, истакна Цукерберг во неодамнешното интервју за подкастот со Џо Роган.

Иако го признава iPhone како еден од најважните пронајдоци на сите времиња, шефот на Мета тврди дека Apple вовел некои произволни правила. Цукерберг изјави дека Apple „фундаментално ја ограничи можноста за кој било друг да создаде нешто што може да се поврзе со iPhone на ист начин“ како што тоа го прават сопствените производи на Apple, како што се AirPods. Тој додаде дека, доколку Apple им дозволеше на другите да го користат неговиот протокол, „веројатно ќе имаше многу подобри конкуренти на AirPods.“


Мета има долготрајни проблеми со Apple и надоместокот од 30 проценти што се наплатува за некои трансакции во App Store. Ограничувањата на Apple за iOS го отежнаа напредокот на Мета во хардверскиот сектор и доведоа до губење на милијарди долари од приходите од рекламирање на компанијата. Цукерберг изјави дека, ако не се спроведуваа „произволните правила“ на Apple, Мета ќе оствареше двојно поголема добивка или речиси толку.

„Apple толку долго е надвор од играта, во смисла дека навистина не претстави многу иновативни работи“, рече тој. „На крајот, некој ќе ве победи“, заклучи Цукерберг.