Важно предупредување за 100 милиони корисници на уреди на Apple: Потврден е таен малициозен софтвер кој се шири со месеци

Точка

14/01/2025

12:30

804

Големина на фонт

а а а

Корисниците на Apple се предупредени за високотехнолошки малициозен софтвер за Mac, кој тајно краде лични податоци и останува неоткриен со месеци.

Според проценките, дури 100 милиони корисници на овие уреди би можеле да бидат изложени на ризик.

Компанијата за сајбер-безбедност Check Point издаде итно предупредување за корисниците на Mac ширум светот. Според нив, сајбер-криминалци развиле малициозен софтвер наречен „Banshee macOS Stealer“, кој успешно ги заобиколува вградените безбедносни механизми на Apple, крадејќи кориснички податоци додека останува скриен со месеци.

Овој малициозен софтвер првпат бил забележан минатата година на „подземни форуми“ како дел од трендот крадец-како-услуга, достапен за продажба за само 3.000 долари. Со него, криминалците таргетираат Mac корисници преку фишинг-сајтови што се преправаат дека се познати софтверски компании, како што се Chrome и Telegram.


Минатата есен, истражувачите открија дека „Banshee“ користел делови од украдениот код на XProtect, вградениот антивирусен систем на Apple, што му овозможило да остане неоткриен подолг период.

Истражувачите од Check Point предупредуваат:

– „Овој таен малициозен софтвер не само што успешно се инфилтрира, туку и функционира невидливо додека краде чувствителни информации – лозинки, податоци од криптовалутни паричници и приватни датотеки.“


Она што ја зголемува загриженоста е неговата способност да избегне откривање дури и од искусни ИТ професионалци.

Иако по откривањето на изворниот код во ноември антивирусните системи станале подобри во неговото идентификување, истражувачите предупредуваат дека ова може да поттикне развој на нови, уште поопасни верзии.

Како да се заштитите?

Иако macOS нуди робусни безбедносни механизми како Gatekeeper, XProtect и sandboxing, експертите потсетуваат дека ниту еден оперативен систем не е целосно имун на закани.


Порталот Tom's Guide ги советува корисниците да бидат претпазливи при преземањето апликации – да проверуваат дали потекнуваат од реномирани извори и да ја потврдат легитимноста на компанијата. Дополнително, се препорачува користење на дополнителен антивирусен софтвер, VPN услуга и менаџер за лозинки за зголемена безбедност.