Американската вселенска агенција НАСА утврди што треба да се прави кога некој ќе умре во вселената, за време на вселенска мисија.
Како што човечките мисии во вселената стануваат почести и поавантуристички од кога било, шансите за смрт на астронаутите се зголемуваат.
Ова може да биде предизвикано од низа настани, од дефекти на возилото и намалување на притисокот од пожари до недоволен пристап до храна и вода поради контаминација или крварење.
Меѓутоа, со цел да се испратат астронаути на Марс уште во 2030-тите, планирањето за таков трагичен настан е од суштинско значење. Кога би се случила индивидуална смрт за време на мисијата – еве што точно би се случило.
Безбедноста на екипажот е најважна.
Минатата година, НАСА објави технички извештај за смртни случаи на човечки вселенски летови, нагласувајќи дека мора да има планови за заштита на екипажот и целите на мисијата.
„Една од најнепосредните и најголемите грижи ќе биде како да се осигура безбедноста на преостанатите членови на екипажот“, се вели во извештајот.
- Важно е да се зачува здравјето на преживеаната екипа. По смртта, телото почнува да се распаѓа и станува биолошка опасност. Во затворената атмосфера на вселенското летало, се ослободуваат нуспроизводи од природно распаѓање и потенцијални патогени. Ова може да ја контаминира внатрешноста на леталото и да биде опасност за другите астронаути.
Што се случува со телото?
Затоа, документот препорачува сите членови на екипажот да добијат „соодветна“ обука за ракување со човечки останки, како и за разгледување или складирање на човечки останки на подолг временски период.
„По смртта, постојат и временски ограничувања за тоа кога може да се извршат одредени постапки за ракување поради природните процеси што се случуваат со остатоците“, се додава во извештајот.
Секој астронаут кој ќе умре за почине на вселенска прошетка ќе биде сместен во најстудената област на Меѓународната вселенска станица (ISS) додека телото не се врати на Земјата. Доколку дојде до смрт на Месечината, посмртните останки ќе можат релативно брзо да се вратат на Земјата, но за долготрајни мисии, како што е летот до Марс, телото може да се зачува со помош на специјализирани торби за тело или комори.
– Иако фрлањето тела во вселената изгледа практично, тоа е во спротивност со меѓународните договори за вселенски отпад и поведува етички прашања – се наведува во изданието, пренесува "Mirror".