Орнела Мути е една од најубавите актерки на сите времиња, за која сонуваа многу мажи од Холивуд, а денес ужива во слободата.
Орнела Мути, икона на италијанската кинематографија, се појави на големото платно во 1970 година со филмот „Најубавата сопруга“ и оттогаш го носи епитетот една од најубавите актерки на сите времиња. Нејзината импресивна кариера трае повеќе од пет децении, исполнета со незаборавни улоги во различни жанрови – од комедии до драми. Сепак, покрај актерската кариера, таа беше позната и по бурниот љубовен живот исполнет со афери и скандали. И денес, на прагот на осмата деценија, нејзината убавина го пркоси времето.
Која е вистинската Орнела Мути?
Нејзиното вистинско име е Франческа Романа Ривели, родена на 9 март 1955 година во Рим. Мути е една од најпознатите италијански актерки, добитничка на многу награди, меѓу кои и признание за животно дело. Во текот на кариерата работеше во различни жанрови, соработувајќи со реномирани режисери.
Орнела Мути била мажена двапати – со актерот Алесио Орано од 1975 до 1981 година и со Федерико Фасинети од 1988 до 1996 година. Фасинети станал и нејзин менаџер, но нивниот брак се распаднал поради неговите бројни неверства. Според извештаи од Холивуд, тој дури ја нарекол својата сопруга „здодевна во кревет и во разговор,“ што се косело со нејзиниот имиџ на фатална жена.
Орнела има три деца – Ника Ривели, родена 1974 година, од врска со непознат маж, и уште две деца, Каролина и Андреа, од бракот со Орано. Денес таа е горда баба на четири внуци.
Веста за нејзината наводна романса со Адријано Челентано (омажен за Клаудија Мори од 1964 година) предизвика сензација. Иако долго негираше, во 2014 година Мути потврди дека имала афера со него.
Моментално таа е среќно сингл:
– Слободна сум, и тоа е подобро така. Зафатена сум со работа, деца и внуци. Денес би се откажала од слободата само за некој навистина посебен човек – партнер кој ќе го прифати мојот живот посветен на семејството. Но, ако не се појави, не е проблем. Веќе сум многу среќна и ништо не ми недостасува – изјавила таа неодамна.
Последните неколку години од животот ги поминува во Лерма, мало место во Пиемонт, каде што живее во мирна средина заедно со својата ќерка Ника, практикувајќи јога и селски начин на живот.
Во затвор поради Путин
Во 2015 година Мути предизвика контроверзии кога беше осудена на осуммесечна затворска казна (подоцна заменета со условна и парична казна од 30.000 евра) откако одбила настап во театар во Трст за да присуствува на хуманитарна вечера организирана од Владимир Путин во Санкт Петербург. Подоцна, во 2016 година, таа поднесе барање за руско државјанство.
Безвременска убавина
На 70-годишна возраст, Мути изгледа одлично, што ѝ го препишува на строгата дисциплина – години наназад не јаде месо, а нејзината исхрана се состои претежно од зеленчук и малку овошје. Некои дури коментираат дека изгледа поубаво од своите ќерки, кои не успеаја да достигнат сличен успех во светот на филмот.