[ФОТО/ВИДЕО] Георгина на столбот на срамот: „Од брилијантност до очај“

Макфакс

07/09/2026

20:25

427

Големина на фонт

а а а

Георгина Родригез присуствуваше на Венецискиот филмски фестивал и привлече големо внимание.

Меѓутоа оваа година за прв пат прошета по црвениот килим на фестивалот како госпоѓа Роналдо, а сите очи беа вперени во неа.

Венецискиот филмски фестивал традиционално ги собира сите големи холивудски ѕвезди, но секогаш има и такви кои имаат малку врска со филмот. Па така, Георгина Родригез, која се појави на црвениот тепих за прв пат по нејзината тајна венчавка со Роналдо, не можеше да го пропушти овој настан.


Овој пат Георгина ги избегна негативните коментари, ако ги имаше, не беа доволно гласни, а сега беше време таа да ја напушти Венеција. Целиот гламур исчезна одеднаш, а сопругата на Роналдо избра малку чудно модно издание за нејзиното патување дома.

Таа носеше широка дуксерка со качулка, тренерка со широки ногавици и кремасти салонки кои беа малку „неприкладни“ во целата естетика.


Интересно е и тоа што Георгина беше без шминка, а во раката носеше една роза. Коментарите набрзо почнаа да се нижат на социјалните мрежи, а омразената убавица сепак не можеше да помине без критики.

„Од брилијантност до очај“, „Кој ѝ го украде гламурот“, „И таа е обична жена“, „Која е поентата на нејзините салонки во оваа комбинација“, се некои од реакциите под фотографиите на Георгина.