Омерагиќ нов претседател на ФФМ, Пандев назначен за спортски директор

Макфакс

22/12/2024

15:10

951

Големина на фонт

а а а

Масар Омерагиќ е нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На денешното Вонредно изборно генерално Собрание, Масар Омерагиќ со акламација е избран за прв човек на македонскиот фудбал.

„Трпение, упорност и многу жртвувања! И јас сум еден од вас, човек од фудбалот. Знам како треба и знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија.

Фудбалот е тимска работа и поединец не може сам. Како и на теренот, треба многу трчање, многу работа, многу пот за да се стигне до победата. Таков е фудбалот во кој се паметат само победите и успесите, а таква е и претседателската работа во федерацијата.

Заедно ќе се радуваме на успесите, заедно ќе тагуваме во поразите. Ова е спорт во кој нема денес за утре, ова е спорт кој бара напорна работа и многу добар тим за да се постигне целта“, рече новиот претседател на ФФМ, кој веднаш по завршувањето на Вонредно изборно генерално Собрание на ФФФМ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.


На состанокот, на предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.