Гвардиол: Знаете, нема да умреме? Само не победуваме!

Дерби

23/12/2024

13:28

395

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити е непрепознатлив во претходниве два месеци, период во кој екипата забележа само една единствена победа во сите конкуренции и тоа против Нотингем Форест во Премиер лигата.

„Граѓаните“ играат под секое ниво, менаџерот Пеп Гвардиола се обидува да пронајде некое решение, меѓутоа проблемите со повредите, но и тоа што играчите едноставно не се во посакуватата форма, ритам, не покажуваат никаков жар во играта, на теренот е едноставно ситуација која засега ги остава во голема резултатска дупка.

Сосема очекувано има многу критики, а меѓу оние кои се критикуваат е и Јошко Гвардиол. Хрватот знае дека може да биде на повисоко ниво, но во исто време порачува да не се претерува како едноставно да е прашање на живот или смрт.

- Тешко е да се справиш со притисокот. Мора да бидеме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Нема да умреме, знаете? Едноставно не победуваме. Верувам дека што побрзо ќе се вратиме со победи и ќе бидеме нашата најдобра верзија. По Нова година ќе биде поинаку. Не можам да зборувам за другите, само како се чувствувам. Исцрпувачки е да се игра на секои три дена. Можам да ви го кажам тоа сосема искрено. Сите сме исцрпени поради густиот распоред, - вели Јошко кој смета дека се променети целите на клубот по ваквите резултати:

- Дефинитивно. Не можам да лажам и да кажам дека по вакви натпревари сакаме да ја освоиме Премиер лигата. Би можел да го кажам тоа затоа што сакам, но сега е многу тешко. Нашата цел во моментов е да победиме во првиот нареден натпревар. Не размислуваме за титулата. Рано е, сезоната е предолга. Така ќе ти одговорам ако ми го поставиш истото прашање по следниот натпревар, - заврши дефанзивецот.