Роберто Манчини ја шокираше италијанската јавност во 2023 година со одлуката да си замине од кормилото на сениорската репрезентација за да набрзо потоа биде назначен за селектор на Саудиска Арабија.
Манчини за ова доби доста критики од јавноста, сонародниците за да сега самиот сфати, разбере дека направил грешка и одлуката била погрешна.
- Не би донел таа одлука повторно. Од технички причини, од фудбалски причини, бидејќи да се биде тренер на националниот тим е најдобрата работа што постои. Не, не би го направил истиот избор повторно.
- Можеби не се разбиравме. Да разговаравме повеќе, тогаш можеби ќе се одвиваше на поинаков начин, но немам ништо против претседателот (Гравина), - вели Манчини кој и понатаму тврди дека парите не биле причина за преземањето на Саудиска Арабија, селекција која официјално повеќе не ја води од крајот на месец октомври.
- Мојата приказна зборува за мене, оние кои не знаат за мене можат само да се вратат назад и да погледнат, па потоа да зборуваат, - порача Роберто за ТГ1.