Реал Мадрид без проблеми ја потврди фаворитската улога во соочувањето со Севилја кое на крајот заврши со резултат 4-2 со што актуелниот првак дојде до второто место на табелата во шпанската Примера.
„Кралевите“ имаа контрола од почеток до крајот, водеа со 3-0 по 34 минути игра по што стана јасно дека трите бода ќе останат на „Сантијаго Бернабеу“.
Меѓутоа и покрај доминацијата домашниот тренер Карло Анчелоти одново не му даде шанса на талентираниот Ендрик кој во последно време скоро и воопшто да не игра. Италијанецот сепак вети дека Ендрик како и Фран Гарсија ќе добијат можности за настап во 2025 година.
- Немав време да објаснам, мислам дека разбраа. Не сакав да отворам игра што е завршена. Тие ќе добијат шанса во 2025 година, - порача Анчелоти.