Вирџил Ван Дајк е еден од тројцата клучни играчи на Ливерпул кои остануваат без договор по крајот на оваа сезона заедно со Мохамед Салах и Трент Александар Арнолд.
Ова тројка е исклучително важна за „црвените“ и навистина е нејасно како премиерлигашот се доведе во ваква ситуација за стравува за сите, односно да може да ги загуби без никакво обештетување во 2025 година. Тешко е да се поверува дека Ливерпул ќе ги загуби сите, но останува да се види што ќе се случува затоа што играчите си имаат свои барања, а клубот пак мора да внимава на финансиската состојба.
Јап Стам внимателно ја следи ситуацијата со сонародникот Ван Дајк, па имаше еден совет за „црвените“ да не ја направат истата грешка како што своевремено Манчестер Јунајтед ја направи со него.
- Можам да го видам Ван Дајк како останува во Европа, но тој игра во тим како Ливерпул кого многу добро го познава и тие имаат вистински баланс. Ако оди и се приклучи на друг клуб, ќе има нови соиграчи и целата ситуација ќе му се смени. Може да се каже дека играчите на Баерн Минхен или ПСЖ не се на нивото на неговите соиграчи во Ливерпул.
- Стилот на игра ќе се промени и може да биде лоша работа за неговата кариера да си замине. Погледнете како му беше на Лионел Меси кога првпат дојде во ПСЖ од Барселона. Тоа ќе биде многу важна одлука за него и за клубот и мислам дека Реал Мадрид може да биде единствената добра опција за него во Европа во моментов.
- Можеби би можел да игра неколку години во САД за да ја заврши својата кариера, заработувајќи многу пари. Но, сè уште го гледам како навистина важен играч во Ливерпул и не можам да видам зошто Ливерпул не би се потрудил да го задржи во клубот поради таа важност. Мислам дека тој заслужува нов договор, можеби само за една сезона, а потоа ќе видите каде ќе одите оттаму.
- Мора да погледнете кој би го заменил на трансфер пазарот или на академијата, но тоа е исклучително тешко да се направи. Ќе биде многу тешко да се замени играч како Вирџил и тој заслужува уште една или две години, тој покажа дека се уште е најдобрата опција за клубот. Сер Алекс Фергусон дека е грешка што ме продаде од Манчестер Јунајтед и Ливерпул не сака да ја направи истата грешка со Вирџил ван Дајк. Тие не се во позиција во која треба да го пуштат и иако има 33 години, не можете да доведете играч на негово ниво, - смета Стам.