Јамал го издвои најтешкиот противник во досегашната кариера: Тој е цврст и жесток дефанзивец

Дерби

23/12/2024

11:56

404

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал иако се уште не е полнолетен и има 17 години, досега имаше можност да води жестоки битки на клупско и репрезентативно ниво, односно од рана возраст за влезе во сениорските води на најголемата сцена како член на Барселона и шпанската селекција.

Офанзивецот за кратко време ја освои јавноста со своите изданија и важи за еден од најдобрите млади играчи на светот, талент од кого допрва се очекува она најквалитетното. Меѓутоа јасно е дека мора да се оди од чекор по чекор, да се надминуваат предизвиците, но Јамал веќе има запаметено едно име кое му направило доста проблеми, поточно имал потешкотии да се соочи со него на теренот-тоа е германскиот репрезентативец и соиграч на Елиф Елмас во РБ Лајпциг, Давид Раум.

- Давид Раум, левиот бек за Германија и РБ Лајпциг. Цврст, жесток дефанзивец. На Европското првенство во четврт-финалето против Германците се покажа како тежок противник за надминување, - истакна членот на Барселона за „Тутоспорт“.