Српската издавачка куќа „Вулкан“ ја објави книгата на Џек Андерсон, „Доктор за тага“ – напнат, емотивно моќен психолошки трилер кој ќе ве натера длабоко да размислите за самата суштина на тагата, меморијата и закрепнувањето.
Во оваа возбудлива и предизвикувачка приказна, авторот го поставува прашањето кое го засега секој од нас: „Дали животот без болка навистина би бил вреден за живеење?“.
Преку сложената и трагична приказна за главниот лик кој се бори со загубата на саканата личност, романот нè вовлекува во виорот на внатрешните дилеми за тоа што значи да се живее, да се сака, да се тагува и – на крајот – да се заборави.
Андерсон не ни нуди едноставни одговори, туку не повикува да се соочиме со сите сложености на човечкото страдање. Преку потрагата на Артур по закрепнување, што го води во мистериозен терапевтско-рехабилитационен центар на изолиран остров, се поставува клучното прашање: „Што се случува кога тагата се третира како болест која треба да се излечи? Дали е можно целосно да се ослободите од болката без да жртвувате сè што е човечко – емоции, сеќавања и љубов?“.
Контроверзно генијалната д-р Елизабет Кодел ветува потполно излекување. Меѓутоа, нејзините методи се длабоко вознемирувачки, речиси опасни. А Артур, во целосна физичка и емоционална изолација, се соочува со прашањето: „Дали можете да живеете целосно ако ја жртвувате секоја трага на болка, љубов и сеќавање? Дали таквото „лекување“ навистина е исцелување?
„Доктор за тага“ е роман кој го предизвикува читателот да се соочи со сопствените емоции и верувањата за тоа што значи да постоиш. На крајот, прашањето кое го поставува романот не е само теоретско, туку и длабоко лично: „Дали заборавот може да донесе вистинска среќа или животот со сета болка, љубов и спомени е всушност она што нè прави луѓе?“.
Рецензии и влијание на книгата „Доктор за тага“
„Оригинален заплет кој нè привлече од првата страница … Воодушевувачки“.
- „Sunday post“
За кого е идеална книгата „Доктор за тага?“
Оваа книга е идеална за љубителите на психолошки драми, филозофски прашања и приказни кои истражуваат длабоко емотивни теми. Особено ќе им се допадне на оние кои се заинтересирани за човечката психологија, процесите на лекување и дилемите на современите терапевти.
Ако уживате во книгите кои ги истражуваат внатрешните светови на ликовите, како што се романите што допираат егзистенцијални теми, „Доктор а тага“ е вистинското четиво за вас.
Брилијантниот дебитантски роман на Џек Андерсон е достапен на веб-страницата vulkani.rs.