[ВИДЕО] „Тепачката“ меѓу мачката и новото куче во семејството стана вирален хит: Сè уште не можат да се спријателат

Точка

16/12/2024

13:14

954

Големина на фонт

а а а

Сопственичката на мачорот Волтер и новото милениче, кучето Вини, на својот профил на TikTok сподели видео во кое го покажа несогласувањето на своите миленици.

Мачорот Волтер и кучето Вини сѐ уште не успеале да се спријателат, а на видеото се гледа како кучето разиграно се обидува да го гризне мачорот, додека мачорот истовремено го удира со шепите по муцката.

Иако видеото од нивниот „конфликт“ изгледа хаотично, ниту мачорот ниту кучето не испуштаа звуци, а ако мачките молчат додека напаѓаат некого, тоа сепак значи дека тие само се обидуваат да си играат. Ако 'ржат, тогаш се работи за конфликт и несогласување со другиот миленик.


Видеото објавено од нивната сопственичка е прегледано повеќе од десет милиони пати и има над два милиона лајкови, а многу следбеници во коментарите под објавата напишаа: „Ова е десет пати подобро од борбата помеѓу Пол Логан и Мајк Тајсон“, „Кучето одлично се забавува“, „Се прашувам каков е нивниот однос сега“, „Ова е вистинска тивка борба“.

Сопственичката на Волтер и Мини, Мараја, секојдневно споделува видеа од нејзините миленици на нејзиниот профил на TikTok, воодушевувајќи ги нејзините следбеници.