Србин во Германија во пицерија налетал на сопственикот Албанец, а средбата никогаш нема да ја заборави: Кога отидов да платам, тој ме шокираше

Точка

16/12/2024

12:48

3.172

Големина на фонт

а а а

Во време кога често се нагласуваат разликите меѓу луѓето, особено оние на национална основа, настаните кои нè потсетуваат на вистинските човечки вредности делуваат освежувачки и инспиративни. Токму таков момент му се случил на Србин кој неодамна започнал нов живот во Германија, а неговото искуство споделено на социјалните мрежи станало симбол на пријателство и хуманост.

На својот „X“ профил, корисник по име „Lajavi_pevac“ сподели приказна за непланирана средба во пицерија во Магдебург, каде што го дочекало изненадување кое не можел ниту да го замисли. Имено, сопственикот на пицеријата, постар господин, му пришол со прашањето: „Од каде си ти, земјак?“. Србинот, најпрво изненаден, дознал дека сопственикот е Албанец од Пеќ, кој веќе 33 години живее и работи во Германија.

Реков дека очекувам сè, но не очекував Албанец кој води пицерија. Зборувавме едно два часа, кога дојде време за плаќање, ми рече: Бегај бре, не треба ништо да платиш“, напишал Србинот, а покрај гестот ја пофалил и самата пицерија.


Овој гест не само што го воодушевил Србинот, туку и го инспирирал да ја сподели приказната за несебичноста и добрината на човекот кој штотуку го запознал. Покрај тоа, тој го пофалил квалитетот на храната во пицеријата, нагласувајќи дека доживеал не само вкусен оброк, туку и искрена топлина на меѓучовечките односи.

„Не ми е грижа која религија си сè додека си човек“

Дека ваквите средби и пријатни разговори, и покрај сè, не се невообичаени, покажуваат и коментарите на оние кои самите откриле дека имале слични искуства со други народи.

„Сум бил во неколку албански (од Косово и Метохија) кафулиња ширум Германија, секаде го има тоа чувство на СФРЈ и не можете да поверувате луѓето колку се искрени и отворени“, „Ние во странство. Стан не може да се најде. Ни помогна Хрват со албанско потекло од Косово и Метохија. Денес отворено зборуваме за сè … Се разбира и за војната … Отсекогаш сум го имал ставот кој гласи – не ми е гајле од каде си и која вера, ако си човек во вистинска смисла на зборот – ќе те ценам“, биле само дел од коментарите под овој пост.