Актерката Анџелина Џоли призна дека често се бори со осаменоста. Пред осум години таа се разведе од актерот Бред Пит, со кого се бореше на суд за старателството над нивните шест деца, а со кого сè уште води судска битка за лозје во Франција.
Иако поминува многу време со своите деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен, таа често се чувствува осамено, исто како и нејзиниот лик Марија Калас, која ја толкуваше во новиот филм „Марија“ („Maria“).
„Имам мои деца кои ги сакам, но често сум сама. Се идентификувам со осаменоста. Исто така, се уште немам сфатено како се живее животот на овој начин – осамено. Можеби многу уметници се чувствуваат како да се на отворен простор како личност“, рече таа, пренесува „Мирор“.
Минатата недела, Џоли беше номинирана за Златен глобус за улогата на Марија Калас. Филмот за оперската дива треба да се појави во кината следната година, а гледачите можат да очекуваат многу „необработени моменти“.
„Кога сум таму и плачам, тоа е мојата болка, мојата тага“, изјави Џоли претходно и потензираше дека работата на овој филм за неа била како „терапија“.
Покрај прикажувањето на нејзиниот филм следната година, Џоли следната година ќе оди и на суд со нејзиниот поранешен сопруг поради сопственоста на нивното лозје во Франција. Пит ја тужеше Џоли за продажба на нејзиниот дел од имотот Шато Миравал за 67 милиони долари. Бред изјавил дека Анџелина со тоа го прекршила нивниот вербален договор. Сепак, адвокатскиот тим на Анџелина рече дека актерката одбила да му дозволи на Бред да ја откупи од договорот и одбила да потпише договор за необјавување што доаѓа со договорот.