Кејти Пери присуствуваше на „Jingle Ball“ организиран од „iHeartRadio Q102“ во Филаделфија, а нејзиниот особено слаб изглед го привлече вниманието, додека многумина се прашуваат дали и таа прибегнала кон трендот на користење лекови за дијабетес за слабеење.
На црвениот килим пејачката носеше полупроѕирен бордо фустан, кој имаше лента со светки преку градите, а долниот дел кој имаше голем шлиц исто така беше покриен со светки.
Пејачката носеше и впечатлива шминка, со сребрена сенка за очи, бордо кармин кој беше во иста нијанса како фустанот, а со контурите и руменило ги истакна острите јаболчици и вилицата, а нејзиното лице изгледаше многу послабо за разлика од минатата година.
Изданието го комплетираше со црни салонки. Инаку на почетокот од оваа година се појавија гласини дека Кејти почнала да го користи омилениот холивудски лек за слабеење – Оземпик.
Тоа е лек за дијабетес кој сè повеќе познати личности во САД го користат за нагло слабеење.
Заедничка карактеристика на оние кои го користат овој лек се острите црти на лицето, кои вклучуваат вдлабнати очи, слаби образи и опуштена кожа, додека некои дури и делуваат како зомби.
Меѓутоа, пејачката ги демантираше овие наводи во октомври, па дури и се исмејуваше на забава на која на гостите им делеше кеси со подароци во кои имаше и празен мини шприц со натпис „Оземпик“.