Пејачката Селин Дион (56) објави фотографија на Инстаграм на која носи невообичаени чевли со високи потпетици, кои многумина ги потсетија на кокошки. Чевлите беа украсени со жолти и црвени додатоци, а таа носеше црвен фустан со светки.
Оваа нејзина објава има над 240.000 лајкови, и коментари како: „Овие чевли се чудни, но некако одговараат со нејзиниот аутфит“, „Типично за неа е тоа што ги одбрала овие чевли“, „Најдобрите чевли, како и обично“.
Опседната е со чевли
Инаку, Дион претходно откри дека поседува повеќе од 10.000 пара чевли. Музичката ѕвезда во својот нов документарен филм на „Prime Video“ призна дека е опседната со чевли. Селин раскажа дека ги приспособува нејзините стапала за да одговараат на кој било пар чевли, без разлика на големината.
Таа, исто така, призна дека трпи неудобност бидејќи повеќе сака да ги приспособува нејзините стапала кон чевлите кои ги сака отколку да не ги купи, дури и кога тие не се достапни во нејзината големина. „Секогаш кога ќе влезев во продавница и ќе се вљубев во одреден пар чевли, ме прашуваа: „Кој број на чевли носите, госпоѓо? Јас одговарав: „Не разбирате. Кои бројки ги имате? Јас ќе ги приспособам. Ја ги носам чевлите, чевлите не ме носат мене“, раскажа Дион.
Селин ретко настапува
Потсетуваме, една од најпознатите пејачки на сите времиња на француското говорно подрачје боледува од ретка автоимуна болест и пред настапот на Олимписките игри во Париз со години не настапуваше.
Дион, чијшто најголем хит е песната „My Heart Will Go On“, во декември 2022 година објави дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност. Во едно од интервјуата таа објасни дека оваа состојба може да предизвика грчеви во мускулите во кој било дел од телото, па затоа, на пример, се случува да ѝ се вкочанат рацете или стапалата, па поради тоа има проблеми со одењето и пеењето.