Падот на семејството Кардашијан: Нема трага од гламурозни забави – вака ги дочекуваат празниците

Точка

18/12/2024

10:45

2.305

Големина на фонт

а а а

Познатите како големи љубители на гламурот, сестрите Кардашијан годинава промовираат скромност за претстојните празници.

Се шушка дека најпознатото и најбогато ријалити семејство, Кардашијан-Џенер, кое има огромно влијание во различни области на општеството, се соочува со пад.

Семејството Кардашијан-Џенер со години го нарекуваат „клан“ поради нивното големо влијание и богатство. Се верува дека почетоците на нивното богатство потекнуваат од бабите и дедовците на Ким Кардашијан, кои ја основале најголемата компанија за преработка на месо во Јужна Калифорнија. По смртта на таткото на Ким, семејството не само што ги зачувало заштедите, туку и значително го зголемило својот капитал.


Но, изгледа дека почнуваат да се појавуваат проблеми. На интернет се појавија гласини за финансиски тешкотии во семејството. Шпекулациите започнаа кога Ким откри дека оваа година планираат поскромна божиќна забава.

Имено, семејството секоја година организира грандиозни настани, украсени со луксуз и посети од најпознатите светски личности. Минатата година, на пример, Ким приреди снежна бајка со лажен снег во дворот, каде гостите се забавуваа со санкање.

Но, оваа година работите ќе бидат поинакви. Ким неодамна ги сподели своите планови на отворањето на новата продавница на SKIMS во Њујорк.


„Оваа година правиме многу скромна божиќна забава, бидејќи ни претстојат многу градежни активности. Ќе биде семејна забава, за што сум навистина возбудена, но сепак ќе направиме сè за да биде посебна. Имавме легендарни забави на Бадник, а нашите деца ги обожаваат – сега и сите нивни пријатели сакаат да дојдат“, изјави Кардашијан.

Ким во моментот ја реновира својата палата во Калабасас, вредна 60 милиони долари, додека нејзината сестра Клои го средува својот нов дом. Таа неодамна купи имот веднаш до својата мајка, Крис Џенер, во Хиден Хилс.

Дополнително, оваа година не завршува најдобро за Ким Кардашијан. Таа неодамна ја скрши ногата, но одбива да открие како точно се случила повредата. Ден пред повредата, снимала реклама каде скијала и возела сноуборд, што се претпоставува дека е причината.


Сепак, повредата не ја спречи Ким да се појави спектакуларно на отворањето на својата продавница во Њујорк. И покрај гипсот, не се откажа од штиклите, а на настанот пристигна на скутер.