Фановите се убедени дека Џастин Бибер со тајна порака реагирал на свршувачката на Селена Гомез

Точка

18/12/2024

15:56

676

Големина на фонт

а а а

Џастин Бибер имаше изненадувачка реакција за веридбата на поранешната девојка и прва љубов Селена Гомез со американскиот продуцент и текстописец Бени Бланко, иако тој сега е во брак со сопругата Хејли, со која има четиримесечен син.

30-годишниот пејач се забавуваше со Селена (32) од 2010 до 2018 година, а кратко потоа тој започна врска со манекенката Хејли Болдвин, која сега го имаат четиримесечниот стариот син Џек. Иако и двајцата изгледаат среќни со другите партнери, објавата на Селена за свршувачката ја смета како „крајот на една ера“.

Фановите се убедени дека Џастин Бибер ѝ испратил тајна порака на Селена Гомез по нејзината свршувачка со Бени Бланко. Само неколку дена откако Селена објави дека се верила, Џастин објави селфи со неговата сопруга Хејли Бибер.


Меѓутоа, не беше фотографијата она што ги заинтригира фановите – тоа беше изборот на песна која тој ја вклучи во објавата. Бибер на фотографијата ја додал песната „All My Ghosts“, испеана од Лизи МекАлпин. Оваа емотивна песна говори за спомените со поранешниот партнер.

Фановите најмногу ги заинтригирале стиховите за венчавката и духовите, кои одат вака: „Можам тоа да го видам сега, свадбата на годината/ Можам тоа да го видам сега, тој стои таму и си ги брише солзите/ Можам тоа да го видам сега, кога сите мои духови ќе исчезнат/ можам тоа да видам кристално јасно“.

Во меѓувреме, пејачот ја отстрани песната од постот.

Фановите нижат коментари под објавата

Поради овие стихови, обожавателите мислат дека Џастин тајно сакал да допре до Селена. „Зошто таа песна?“, „Секако дека сег објави нешто“, „Знам зошто ја објави“, „Знаев дека ќе објави вакво нешто, толку е предвидлив“, „Слушај ја песната и ќе знаете дека Џастин се обидува да испрати порака“, се само некои од коментарите под објавата.

Не е првпат да мислат дека тој ѝ праќа порака на Селена

Пред три години Џастин ја објави песната „Ghost“, која говори за губење на некого кого го сакаш. Уште тогаш фановите мислеле дека е посветена на Селена, а по тој повод се огласил и Џастин.


„Мојата цел при создавањето на песната беше да ги натерам луѓето да пеат дека постои надеж и дека траумата и болката што ги чувствуваат нема да траат вечно. Потребно е време за заздравување. Ќе дојде моментот кога повеќе нема да има болка“, рекол тој.

Селена ја криела свршувачката?

Како што објави „Мирор“ претходно оваа недела, Бени, кој продуцираше песни за Селена и за Џастин, се смета дека ја побарал раката на Селена уште во август, откако беа повеќе од една година во врска, но и двајцата, наводно, не сакале да ја објават оваа вест, бидејќи истиот месец Џастин го доби првото дете со Хејли.

Токму поради ова, Селена не сакала на нејзината свршувачка да се гледа како да го оттргнува вниманието од бебето на нејзиното поранешно момче.

Селена ја објави својата свршувачка пред една недела, споделувајќи снимка од нејзиниот огромен овален дијамантски прстен, за кој се смета дека чинел неверојатни 177.000 фунти, на нејзиниот Инстаграм профил нс кој имс 423 милиони следбеници.


„Засекогаш започнува сега …“, напиша пејачката под објавата.

Новиот татко Џастин се надева дека Селена е „среќна“. Иако тој не и честиташе јавно, извор за Дејли Мејл изјавил:

„Џастин е оженет и има дете. Сите го знаеме тоа, но кога ќе слушне дека Селена се верила, дури и ќе признае дека тоа го „погодило“ за момент. Затоа што, иако тие никогаш повеќе нема да бидат пријатели или да се забавуваат, веста официјално означува крај на една ера“.

Бени и Селена се во врска од јуни 2023 година, но нивната романса ја потврдија дури во декември истата година. Пред тоа тие беа пријатели долго време, а Бени ја продуцираше нејзината музика низ годините.