Во видеото кое стана вирално на TикТок, пејачот Џастин Тимберлејк, имаше незгодна ситуација за време на концертен настап. Пејачот облечен во сива маица со долги ракави и темно сиви широки панталони носеше ремен преку панталоните, кои беа толку тесни што неговото меѓуножје се оцртуваше одоздола.
Додека го пееше својот хит „Mirrors“, Тимберлејк постојано ја влечеше кошулата за да го покрие меѓуножјето.
Присутните, се разбира, веднаш го забележаа гафот, а видеото молскавично се прошири на платформата, со бројни коментари.
„Мислам дека сите го видовте дрвото на Џастин“, напиша еден тиктокер, а другите додадоа:
„Ова е лудило“, „Зошто никој не му кажа на пробата дека не може вака да излезе на сцената?“
„Според начинот на кој ја повлече кошулата за да се покрие, изгледа дека точно знае што прави“.
„Не требаше да го видам ова“ „Тој ги отпеа високите ноти и сите знаеме зошто“ и „Се чини дека не може да се купи сѐ на светот со пари“, беа коментарите.
Инаку, ова не е единствениот проблем на кој пејачот наиде на неговата светска турнеја Forget Tomorrow.
Тој го откажа настапот во Оклахома минатиот месец поради повреда на грбот.
„Значи, извини Оклахома Сити… Морам да го откажам шоуто од 2/12. Го повредив грбот и лекарите ме советуваа да одморам уште малку“, напиша Џастин на Инстаграм на 30 ноември.
Тој исто така го одложи концертот во Њу Џерси за една недела во октомври поради повреда.