На крајот од секоја година многу светски медиуми ги објавуваат своите листи – најдобри серии во последните 12 месеци, филмови, албуми, песни … Неодамна американскиот магазин „Rolling Stone“ ја објави својата листа на најдобри серии објавена за 2024 година, а сега истото го направи и британскиот медиум Би-би-си.
Во продолжение сериите за кои Би-би-си смета дека биле најдобри оваа година.
10. „Feud: Capote vs The Swans (Disney+)“
Рајан Марфи, кој за Нетфликс ја создаде серијата за Џефри Дамер и браќата Менендез за Нетфликс, со Џафе Коен и Мајкл Зам ја креираше и антологиска серија фокусирана на познати кавги. Оваа година беше објавена втората сезона наречена „Feud: Capote vs. The Swans“.
Дејството во серијата се фокусира на писателот Труман Капоти, кој го уништува своето пријателство со Свонсите, членовите на њујоршкото високо општество, пишувајќи слабо прикриен фиктивен приказ на нивните скандалозни и хедонистички животи во неговиот (на крајот незавршен) роман.
9. „The Diplomat (Netflix)“
Втората сезона на познатата серија беше објавена на крајот на октомври. Во втората сезона, продолжуваме да ја следиме Кејт Вајлер на амбасадорска задача во Обединетото Кралство.
Нејзиниот свет се менува по смртоносната експлозија во срцето на Лондон и кога сфаќа дека погрешно проценила кој го бомбардирал британскиот воен брод. Дознава дека во нападот учествувале политички играчи од САД и Велика Британија, а неверојатниот пресврт го поставува темелот за третата сезона.
8. „The Day of the Jackal (Sky Showtime, Prime Video)“
Серијата „The Day of Jackal“ е базирана на истоимениот роман на Фредерик Форсајт. Приказната го следи платениот убиец Шакал кој постојано бега од апсењето и кој прифаќа само највисоко платени работи.
Меѓутоа, следејќи ја новата жртва, тој го запознава својот рамноправен противник во форма на упорна агентка на британската тајна разузнавачка служба, која почнува да го следи низ цела Европа.
7. „Rivals (Disney+)“
Станува збор за адаптација на истоимениот роман на Џили Купер од 1988 година. Серијата ги следи Руперт Кембел-Блек и Тони Бадингем додека нивното долгогодишно ривалство доаѓа до врвот.
Би-би-си вели дека серијата е многу примамлива да се гледа поради променливите сојузи,тајните афери и сексот.
6. „Slow Horses (Apple TV+)“
Ова е британска шпионска трилер серија, базирана на серија романи на Миха Херон. Четвртата сезона „Spook Street“ беше објавена оваа година. „Slough House“ е административно чистилиште за отфрлените од службата „MI5“, кои сериозно потфрлиле во работата, но не биле отпуштени. Оние кои се испратени таму познати се како „бавни коњи“.
Оние кои се распоредени таму се очекува дека ќе ги издржат здодевните, рутински задачи со повремена ментална злоупотреба од страна на нивниот шеф, кој очекува од нив да дадат отказ поради досада или фрустрација. Сепак, „бавните коњи“ некако се вклучуваат во истражувањето на случаите кои се доволно важни за да ја загрозат Британија.
Официјалниот синопсис за четвртата сезона гласи: „Бомбашкиот напад ги активира личните тајни и ги потресува веќе разнишаните темели на „Slough House“.
5. „Say Nothing (Disney+)“
Историската серија се темели врз книгата од 2018 година на Патрик Раден Киф Ги следи животите на луѓето кои растеле во Белфаст во 1970-тите, 80-тите и 90-тите години за време на неволјите (конфликтот меѓу националистите и унионистите), како и нивното учество во Привремената Ирска републиканска армија.
Исто така ги следи и истрагите за исчезнатите, особено за убиството на Жан Меконвил.
4. „Colin from Accounts (Prime Video)“
На листата на Би-би-си се најде и австралиска романтична драма, чија втора сезона беше објавена во 2024 година.
Дејството се врти околу Ешли (Хариет Даер) и Гордон (Патрик Брамал), двајца самци кои ги зближила сообраќајна несреќа и повреденото куче кое го нарекуваат Колин. И двајцата се смешни, но и доволно храбри да го покажат своето вистинско јас.
3. „Black Doves (Netflix)“
Дејството се врти околу Хелен (Кира Најтли) која е мажена за британски министер, но го шпионира за компанија наречена „Black Doves“.
Кога нејзиниот љубовник е убиен, нејзиниот стар колега Сем (Бен Вишоу) е повикан да ја заштити. Меѓутоа Хелен се вовлекува себеси и Бен во неволја, решена да открие кој стои зад убиството на нејзиниот љубовник.
2. „A Man on the Inside (Netflix)“
Првата сезона излезе оваа година, а го следи пензионираниот професор Чарлс (Тед Дансон) кој чувствува дека животот повеќе не му нуди ништо ново. Една година по смртта на неговата сопруга, тој се заглавил во рутината и се оддалечил од ќерката Емили.
Но, кога ќе одлучи дека е време за промена и ќе забележи оглас на приватната истражувачка Џули, тој се впушта во нова авантура. Мисијата на Чарлс е маскиран да се инфилтрира во домот за стари лица „Pacific View“ во Сан Франциско за да ја реши мистеријата на украденото семејно наследство.
1. „ Industry (max)“
Третата сезона беше објавена оваа година. Серијата нуди поглед во светот на високите финансии, преку група млади банкари кои за прв пат се најдоа во ваква стресна средина. Местото каде се одвива дејството е меѓународната банка „Pierpoint & Co“ во Лондон, а деловното работење е испреплетено со запознавање, алкохол, дрога и секс.
Во третата сезона, фокусот е на интензивниот свет на финансиите, кој ги доведува вработените до границите на нивниот морал, а се појавуваат и прашањата поврзани со сексуалната злоупотреба и климатските промени.