Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене…

Дерби

02/12/2024

14:13

3.431

Големина на фонт

а а а

Хесе Родригез своевремено беше голем фудбалски талент на Реал Мадрид и беше предодреден да биде нова голема ѕвезда на првиот тим, но тешката повреда на коленото го забави неговиот прогрес, а впрочем испадна и дека му ја уништи кариерата.

Иако ја санираше повредата на предниот вкрстен лигамент, Хесе никогаш повторно не беше истиот играч кој дебитираше за првиот тим на „кралевите“, па започнувајќи од погрешниот чекор со трансфер во ПСЖ, кариерата постојано му бележе надолен пад.

Хесе во овој момент игра фудбал во Малезија далеку од очите на европската спортска јавност, но со своите изјави кои ги дава повремено, напаѓачот повремено знае да го привлече вниманието.

Во последната исповед за погрешните чекори кои ги направи во елитата, Хесе се отвори и за игнорантскиот однос на Насер Ал Келаифи, за кого вели дека повеќе ја сакал неговата сопруга со која позираше во Париз, отколку него како фудбалер.

– Ако сакав, можев да останам во Реал, но тогаш ПСЖ беше навистина примамлива опција. Немав доволно добра минутажа во реал и мислев дека во Париз ќе го добијам тоа што го барам. Покрај тоа, тренер на ПСЖ беше Емери и тој беше оној кој ме повика.

– Не треба да се занемари и тоа што ме платија добро, подобро од тоа што го добивав во Мадрид. Во ПСЖ дебитирав со асистенција за победа, но потоа бев два месеци во аут поради воспаление на слепо црево и веќе во јануари ми кажаа дека морам да си одам.

– Му порачав на Емери дека се чувствувам измамено и изневерено, но претседателот Ал Келаифи не сакаше да ме види ниту на цртеж. Да бидам искрен, не знам дали повеќе му се допаѓав јас, или мојата сопруга. Не ми дадоа никакво објаснување и си заминав уште во зимскиот преоден рок. Во тој момент, сфатив дека Реал Мадрид е најголем клуб во светот поради сите фудбалски причини. Поради резултатите, но и поради тоа како се однесува кон фудбалерите. Во ПСЖ се почувствував како милионер си поигрува со мене како да сум марионета, – открива Хесе.