Претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Александар Дјуков изрази надеж, дури и тврди дека репрезентацијата во 2025 година ќе игра натпревари со европски селекции.
Да потсетиме, рускиот фудбал, како и целата земја, е под санкции поради инвазијата врз во Украина и затоа нема право да игра ниту пријателски натпревари со селекции од европскиот континент. Поточно, со оние чии влади воведоа санкции кон Русија.
Во таа група не се само Србија и Белорусија, со кои руската репрезентација одигра пријателски натпревари.
Откако започна војната во Украина, Русија игра пријателски натпревари, со држави од третиот или четвртиот ешалон, најчесто тоа се репрезентации од Азија.
„Планираме натпревари во март и јуни, а под тоа мислам да играме против европски селекции“, изјави Дјуков за РИА Новости.
По ждрепката за квалификациите за СП 2026 година, познато е дека март и јуни ќе бидат слободни термини за 24 репрезентации, меѓу кои Ерменија, Белорусија, Унгарија, Турција, Грузија, Бугарија и Азербејџан.
Дјуков смета дека против некои од овие тимови Русија би можела да игра во 2025 година.