„Боксинг деј“ се игра во Англија, а најголем интерес предизвикуваат мечевите од најсилната конкуренција-Премиер лигата.
Натпреварите се играат денеска и утре, коло кое ќе биде отворено на „Итихад“ со соочувањето Манчестер Сити-Евертон и затворено на „Емирејтс“ каде Арсенал ќе го пречека Ипсвич.
Најдобриот стрелец во историјата на ПЛ, Алан Ширер како амбасадот на Бетфер редовно даде свои прогнози за мечевите, па така е и овојпат во рундата за која смета дека нема да има ниту еден гостински триумф, односно се ќе помине во знакот на домашните клубови.
Како гости бодови ќе освојат само Јунајтед против Вулверхемптон и Вест Хем против „фенерџијата“ Саутемптон.
Прогноза на Ширер:
Манчестер Сити-Евертон 1
Њукасл-Астон Вила 1
Нотингем Форест-Тотенхем 1
Борнмут-Кристал Палас 1
Челси-Фулам 1
Саутемптон-Вест Хем X
Вулверхемптон-Манчестер Јунајтед X
Ливерпул-Лестер 1
Брајтон-Брентфорд 1
Арсенал-Ипсвич 1