Реал Мадрид веќе гледа напред и прави планови за 2025 година и тоа за потезите кои сака да ги повлече во летниот преоден рок.
Иако има доста време до тогаш, има доста натпревари, предизвици, „кралевите“ поставиле два приоритети, две цели кои сакаат да ги остварат за да тимот функционира и биде конкурентен на највисоко ниво.
„АС“ пренесува дека во фокусот е да се засилат две позиции, средината на теренот и десен бек.
Првиот би бил адекватна замена за Тони Крос, а како имиња се споменуваат Витиња од ПСЖ и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Другата желба е да се добие потписот на Трент Александер Арнолд кој веќе подолго време се поврзува со шпанскиот великан, односно тој би бил соодветна конкуренција на Дани Карвахал на таа десна страна на теренот.
Има интерес и за Алфонсо Дејвис, меѓутоа тој игра на леванта бековска позиција, ама Реал нема по секоја цена да притиска за него. Интересно е тоа што за актуелниот шампион не е приоритет стоперската позиција, односно клубот верува дека Давид Алаба ќе се врати на посакуваното ниво, а тука е и Раул Асенсио за кого сметаат дека ќе може да одговори на барањата и предизвиците.