Фјури: Во секоја рунда ме ограбија

Макфакс

25/12/2024

14:46

924

Големина на фонт

а а а

Британскиот боксер Тајсон Фјури уште еднаш повтори дека неправедно ја загубил борбата за светската титула против Олександр Усик.

Украинецот борбата во Ријад, по 12 рунди ја доби со едногласна одлука на судиите. Тројцата судии борбата ја бодуваа со 116:112. Фјури тврди дека судиите му ја украле победата.

„Во секоја е.ена рунда ме ограбија. Да ги е.ам сите! Мислев дека победив со најмалку три рунди. Целата борба бев на предната нога. Ќе ви кажам што ќе се случи, можете да добиете во овие држави“, рече Фјури, пренесува „Дејли Мејл“.

Што вели статистиката од борбата. Усик упатил 423 удари, 42 отсто од ударите го погодиле противникот. Фјури имаше уште 86 удари повеќе (509), но со далеку помала стапка на успех, само 28 отсто го погодиле противникот.

Инаку, ова беше втора победа за Усик оваа година над Фјури, по што ги задржа појасите во три различни категории (ВБЦ, ВБА и ВБО).