Нема повеќе натпревари во шпанската Примера за оваа календарска година, па овој период дефинитивно е идеален да се подвлече црта и да се потенцираат некои факти, податоци за 2024 година во најсилниот шампионат на Пиринеите.
Имено шпанска „Марка“ излезе со топ листа на најдобрите стрелци за изминатава година, листа на најефикасните асови кои биле прецизни од игра, односно тука не се вкучени ударите од 11 метри.
Податовите се интересни пред се за првото место на кое не е нити Левандовски, Белингам, Винисиус Жуниор…туку тоа е сегашниот член на Атлетико Мадрид и вовчерашен на Вилјареал, Александер Серлот.
Скандинавецот ја заврши годината со 31 постигнат гол или два повеќе од Левандовски кој е на второт место. Во топ пет е уште Белингам со 23, како и Винисиус Жуниор и Анте Будумир со по 20 реализации.