Пријанка Чопра, индиска актерка, пејачка, поранешна Мис на светот и сопруга на пејачот Ник Џонас, на социјалните мрежи објави фотографија од детството поради која стана мета на негативни коментари.
„Предупредување: Немојте да се потсмевате со мојата деветгодишна верзија. Неверојатно е тоа што може да ѝ направи пубертетот и дотерувањето на една девојка. Лево е мојата фотографија кога бев мала со момчешка фризура, што требаше да биде практично за училиште (благодарам, мамо). Пред тоа имав фризура во облик на чинија, па ова беше подобрување“, навела Пријанка покрај фотографиите.
“На десната страна сум јас на 17 години, откако ја освоив титулата Мис Индија во 2000 година и уживав во шармот на косата, шминката и гардеробата. Фотографиите се направени со разлика од помалку од десет години. Како што прекрасно кажа Бритни Спирс: “Јас не сум девојка, но сè уште не сум ни жена“. Токму така се чувствував тогаш, влегувајќи во големиот свет на забавната индустрија“, додаде таа.
„Речиси 25 години подоцна, сè уште се обидувам да сфатам сè. Но, зарем не сме сите такви? Сеќавајќи се на мојата помлада јас често ме поттикнува да бидам пољубезна кон себе денес. Размислете за вашата помлада јас и колку таа направила за вас. Сакајте се, сте поминале многу за да стигнете таму каде што сте денес“, ги советуваше таа следбениците на крајот.
На Инстаграм ја следат повеќе од 92 милиони луѓе, а некои ѝ напишале грди коментари поради фотографијата од нејзиното детство.
„Убаво го напиша сето тоа, но заборави да ја спомнеш пластичната хирургија“, „Ова е неверојатно“, „Секогаш ми изгледаше малку мажествено, мислев дека можеби е трансродова, ова е доказ“, „Заблагодари му се на твојот пластичен хирург“ , „Позади овие фотографии се крие подлабока приказна“, „Таа се родила како машко“, „Баш си бил сладок претходно“, беа коментарите на некои луѓе.
Секако, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана и ѝ пишуваа комплименти. „Убава, паметна и самоуверена жена“, „Сите можат да се гордеат со тебе“, „Потребна е голема храброст да објавиш стара фотографија, особено кога си ѕвезда како неа, браво“, „Сè кажа многу убаво“.