Одржано доделувањето на интернационалните Еми награди: Тимоти Спол прогласен за најдобар актер

Точка

26/11/2024

16:17

420

Големина на фонт

а а а

Актерот Тимоти Спол, француско-јапонската драмска серија „Drops of God“ („Les Gouttes de Dieu“) и аргентинската хумористична серија „Divison Palermo“ се добитници на интернационалните Еми награди.

Педесет и втората церемонија за доделување на наградите се одржа во њујоршкиот хотел Хитлон Мидтаун, а домаќин беше стенд-ап комичарот Вир Дас. Оваа година беа номинирани 56 серии од 21 земја.

Тимоти Спол е прогласен за најдобар актер за улогата на Питер Фаркухар во британската криминалистичка серија „The Sixth Commandment“. Наградата за најдобра женска улога ѝ припадна на тајландската актерка Чутимона Чунгчароенсукиинг, попозната како Аокбаб. Таа доби награда за улогата во „Hunger“ на Нетфликс.


Во текот на церемонијата, специјални награди им беа доделени на извршната директорка на „Gaumont“, Сидоние Думас и продуцентот Дејвид Е. Кели. Францускиот актер Омар Сај ѝ ја додели наградата „International Emmy Directorate“ на Думас, додека Кели ја прими наградата „International Emmy Founder“ од продуцентот и режисер Мајкл Пресман.


Наградата за најдобар документарен филм му беше доделена на документарецот „Otto Baxter: Not a F**ing Horror Story“, додека „Brawn: The Impossible Formula 1 Story“ ја освои наградата во категоријата спортски документарни филмови.



Наградата во категоријата кратки серии ја доби шпанската серија „Punt de no Retorn“, додека наградата за минисерија ја доби германската хит-серија „Dear Child“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг