[ФОТО] Некогаш секс – бомба, а денес? Познатата манекенка се прошета во невообичаено издание

Точка

26/11/2024

20:21

1.264

Големина на фонт

а а а

Германската манекенка Клаудија Шифер остави силен впечаток за време на вечерното излегување.

Познатата Клаудија Шифер се шетала во Санта Моника, а на патот кон ресторанот ја „уловиле“ папараците.

Таа беше главна тема во 90-тите и воодушевуваше на секој чекор, меѓутоа и сега, кога има 54 години, сјае и го привлекува вниманието каде и да се појави.


За неа времето како да застанало, а на неодамнешната прошетка таа се појави во едноставен фустан во бохо стил кој го истакнува струкот, во комбинација со совршените есенски црни чизми. Нејзината препознатлива руса коса, како и негуваното лице беа во преден план.


Клаудија сè уште важи за една од најпосакуваните жени, а поради изразената младоликост многумина се прашуваат дали за оваа жена времето „застанало“.


Додека на црвениот килим сè уште е беспрекорно стилизирана, од друга страна кога е во прашање шминката, таа има многу невообичаен и не баш хигиенски начин за одржување на беспрекорната шминка на лицето. Нејзиниот начин нема да им се допадне на многумина, и веројатно повеќето ќе го осудат.


Имено, за да го постигне совршениот „smokey eye“ ефект, Клаудија не ја брише шминката пред спиење и на тој начин следниот ден го добива посакуваниот резултат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг