Новокрунисаната Мис Универзум, Викторија Кјер Теилвиг се најде на мета на критики откако на интернет објави видео на кое таа ги движи усните како да пее песна од раперот Џеј Зи која содржи расистички навреди.
Данската манекенка всушност го „синхронизирала“ текстот од песната, а видеото беше објавено на Тикток и Икс.
„Не ми се верува дека сум сведок на ова“, „Девојко, што правиш?“, „Еј, ова е лудо“, „Ќе ја одземат круната“, беа само некои од коментарите на објавата.
New York 🗽💚 pic.twitter.com/4gzQLWKjUM
— Victoria Kjær Theilvig (@victoriaakjaer) November 22, 2024
Но, имаше и такви кои застанаа во одбрана на данската убавица и им порачаа да престанат да ја „мразат“ бидејќи девојката само се забавувала имитирајќи го раперот.
„Бела жена пее песна што вообичаено ја пее црнец, а оваа „разбудена“ толпа ја нарекува расист. Таа нема за што да се извинува“, велат некои.
Да потсетиме, 21-годишната Теилвиг победи на 73-от избор за Мис Универзум во Мексико, а воедно е и првата Данка која ја освои титулата за најубава жена на светот. По нејзината победа, таа го обиколи Њујорк и исто така ги запали црвено-белите светла на Емпаер Стејт Билдинг, кои ги сугерираа боите на нејзината родна Данска, за да ја одбележат нејзината победа.