Викторија Бекам откри зошто не се смее на фотографиите: Причината можеби ќе ве изненади

Точка

26/11/2024

14:16

1.368

Големина на фонт

а а а

Познато е дека пејачката и модна дизајнерка Викторија Бекам ретко се насмевнува на фотографиите. Таа најчесто има сериозен израз на лицето, а неодамна ја објасни причината за тоа.

Таа се чувствувала несигурно поради нејзината проблематична кожа

Во неодамнешното интервју за Телеграф, Викторија изјави дека се чувствувала непријатно во многу ситуации кога ја фотографирале, па поради тоа изгледала сериозно и не се насмевнувала. Претходно, вели, имала проблеми со самодовербата поради акните кои ги имала на лицето, па поради тоа внимавала што јаде и како изгледа на сликите.

„Поради мојата кожа, почнав да внимавам што јадам. И да, веројатно изгледам сериозно на многу слики, но ми беше толку непријатно. Дали имаше ситуации кога ги прегледував коментарите за мојот изглед? Да, но сега едноставно немам време за тоа“, изјави Викторија.

Иако повеќе нема проблематична кожа, сепак се придржува на нејзиниот режим на исхрана. Нејзиниот сопруг Дејвид Бекам претходно откри дека Викторија веќе 25 години јаде ист оброк секој ден – риба на скара и зеленчук на пареа.

„Да ми кажевте пред неколку години дека ќе чекорам по црвениот килим со само малку коректор и без пудра на лицето, ќе мислев дека сте луди, но тоа е она кое го направив минатата недела“, додаде Бекам.


„Децата дури преку Нетфликс открија колку добар фудбалер беше Дејвид“

Викторија неодамна откри дека нивните деца дури по документарниот филм на Нетфликс откриле дека нивниот татко бил добар фудбалер. Минатата година беше објавен документарниот филм на Нетфликс чија тема беше големиот подем на Бекам во светот на фудбалот.

„Всушност беше смешно. Круз рече: „Не знаев дека татко ми беше толку добар во фудбалот“, раскажа Викторија. „Заборавете, тоа беше многу одамна. Децата секогаш беа на натпреварите, но беа многу мали и премногу мали за тоа да го разберат“, додаде Викторија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг