[ФОТО/ВИДЕО] Вака изгледа новиот дом на Адријана Лима: За 40 милиони ја продаде куќата во која живееше со Јариќ, па си направи ново катче со вереникот

Точка

26/11/2024

18:03

1.115

Големина на фонт

а а а

Откако во еден момент ги избриша речиси сите фотографии од социјалните мрежи, Адријана Лима извесно време беше многу внимателна во однос на тоа што објавува од приватниот живот.

Сепак, изгледа дека во последно време малку се опуштила, а јавноста за прв пат можеше да го види нејзиниот син Сајен, кој го доби со вереникот Андре Лемерс, а во неколку наврати им дозволи на своите следбеници да „ѕирнат“ во нејзиниот луксузен дом во Брентвуд, како што своевремено тоа го направи кога го откри полот на бебето.

Потсетуваме, манекенката го купи овој луксузен имот откако ја продаде вилата во Мајами во која живееше со Јариќ и нејзините ќерки, а нејзиниот нов дом најдобро може да се опише како „мал рај на земјата“. Во реновирањето на вилата вложила околу 12 милиони долари, а иако не се гледаат сите делови од имотот, на Јутјуб постои снимка од вилата пред реновирањето.

Имотот има шест спални соби и шест бањи. Добро е ограден и изолиран од љубопитните погледи, а собите се уредени во светли тонови, со многу природна светлина. Во внатрешноста на имотот постои и гостинска куќа, како и голем базен, покрај кој се наоѓа надворешната трпезарија со бар и камин, како и простор за скара.


Лима сакала нејзиниот нов дом да биде „пријатен“ и удобен, со многу зеленило, а неодамна со своите следбеници сподели како ја уредила дневната соба пред претстојните празници.


Таа покажа и огромна елка на која доминираат црвени украси, и можеше да се забележи дека во нејзината куќа владее топла, семејна атмосфера.


Пријатно, модерно, малку традиционално и со многу детали. Се издвојуваат и светилките во сребрена и златна боја кои можат да се видат покрај огромната елка.

Инаку, манекенката во минатото на својот Тикток профил покажуваше детали за имотот каде што живее со Лемерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг