Никлас Бендтнер, познатиот дански фудбалер се најде во центарот на скандал, поточно напад со нож среде Њујорк.
Поранешниот фудбалер, кого многумина го нарекуваа „Lord“, се шетал со пријател, кога од зад грб ги нападнал маж со нож. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство, а пријателот на Бендтнер се здобил со повреди на лицето и увото, додека „Лорд“ побегнал неповреден.
„Да, можам да потврдам дека јас сум на видеото. Дали можев јас да бидам тој кој е нападнат, немам коментар за тоа. Жртвата е поранешен професионален фудбалер кој шеташе со нас“, одговорил Бендтнер откако се појави видеото.
Бендтнер често го привлекувал вниманието кон себе за време и по неговата кариера, и не само на фудбалските работи.
Данецот имал блескави денови во Арсенал, за кого играше од 2005 до 2014 година, но помеѓу нив бил и позајмици во Бирмингем, Сандерленд и Јувентус. Подоцна бил член на Волфсбург, Нотингем Форест, Розенборг и Копенхаген, каде ја заврши кариерата во 2019 година.
За данската репрезентација одигра дури 81 натпревар и за тоа време постигнал 30 гола, а познат е како фудбалер со најголема самодоверба.
Откако завршил со фудбалот, Бендтнер почнал да инвестира во еспорт организација, а подоцна биле откриени неколку интересни приказни поврзани со неговиот живот и кариера.
„Верувајте ми дека видов многу, особено кога бев во Англија. Таму играчите сакаат да се фалат со тие работи и да зборуваат со кои девојки биле. Сепак, повеќето од нив не сакаат интимни односи со обичните девојки кои им приоѓаат во ноќните клубови“, истакнал Бендтнер во својата биографија со наслов „Двете страни“.
Потоа објаснил и зошто.
„Секој ја избира побезбедната опција бидејќи не сака да ризикува. Тие обични девојки обично бараат некаква корист и подоцна не е ни чудо кога ќе почнат да бараат пари и да те уценуваат. Затоа повеќето фудбалери знаат на кого да му се јават за да добијат ескорт девојка“.
Тој го објаснил и принципот кој му се допаѓа.
„Таа девојка доаѓа кај тебе, имате односи, ѝ го плаќаш тоа што го должиш и секој си оди по својот пат. Никој не сака да ризикува шанса со спонзорушите кои имаат планови како да влезат во вашиот живот и да ви го направат животот пекол. Ескорт девојките се сигурна опција, тие молчат со кого биле и сите се среќни и задоволни“.
Доживеал и голем срам кога една „обична девојка“, како што ги нарекува, му кажала дека е бремена.
„Спонзорушите се подготвени на сè. Една од нив дојде кај мене и ми рече дека е бремена и дека детето е мое. Таа јасно ми нагласи дека има цена ако сакам да абортира и никогаш повеќе да не ја видам. Таа ги зема парите за пластични операции кои често ги правеше, а јас го платив сето тоа и така се реши проблемот. Сите тие го прават тоа и нивната цел е само да извлечат што повеќе пари од вас“, напишал Бендтнер.
Бендтнер бил во центарот на вниманието кога раскина со својата долгогодишна девојка Клара Лина Валквист, а во текот на животот бил и во затвор поради напад на таксист.
Бендтнер моментално има 36 години, а за време на пандемијата на коронавирус стана познат по играњето на светски познатата игра „Counter-Strike“.