Милан Шкринијар е се поблиску до враќање во Серија А и неговите агенти работат на тоа да го реализираат камбекот уште во јануари.
Словачкиот дефанзивец ја прифатил понудата на Јувентус и очекува и ПСЖ да не му прави проблем, со оглед на фактот што не добива сериозна минутажа од Луис Енрике.
Шкринијар пристигна во ПСЖ како слободен агент и откако му заврши договорот со Интер, а сега прифатил да го облече дресот на големиот ривал од Торино, што сигурно нема да им се допадне на фановите на „нероазурите“.
Јувентус веќе најави дека во јануари итно мора да ја засилува одбраната поради повредата на Бремер, кој нема да биде во комбинација до крајот на сезоната.
Италијанците сега треба да постигнат договор и со ПСЖ, а во преговорите може да бидат вклучени и други фудбалери.