Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (29) синоќа со својот гест во текот на загревањето пред НБА натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Њујорк Никс ги освои срцата на обожавателите како и на момчето по име Куртис.
Имено, Јокиќ во еден момент се доближи до момчето кое седело до теренот, а потоа го поздрави и го праша како се вика. Во тој момент момчето беше во неверување бидејќи му се обратил неговиот идол така што веднаш се расплака.
Nikola Jokić greets a fan who can’t believe their eyes.
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) November 26, 2024
Core memory unlocked.
🎥 @RyanGreeneDNVR pic.twitter.com/Rpr3FBVMTr
Потоа ѕвездата на Денвер му кажа да не плаче и го прегрна, а момчето сè уште не можеше да поверува во она што се случуваше.
Јокиќ потоа му се обрати со уште неколку зборови, па момчето долго време остана позитивно шокирано од тоа како се однесува кон него актуелниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот.
Сепак, Јокиќ сигурно не бил задоволен од резултатот во подоцнежниот натпревар против Њујорк Никс.
Имено неговиот Денвер доживеа дебакл со пораз на свој паркет од 145:118, а по натпреварот Јокиќ и екипата добија критики од навивачите и тренерите.