Ектор Ерера е фудбалер кој ги докажа своите фудбалски квалитети во Европа, а во финишот на кариерата настапуваше и за МЛС тимот на Хјустон.
Сепак, раководството на американскиот клуб реши да не ја искористи клаузулата за продолжување на договорот за уште една сезона и тоа поради инцидентот кој Ерера го предизвика на последниот настап за Хјустон.
Мексиканецот доби жолт картон на средбата со Сиетл, а незадоволството од одлуката го покажа со плукање во насока на главниот судија. Ерера очекувано беше испратен во соблекувалната, остана без можност да се задржи во Хјустон, но признава дека жали за инцидентот.
❎🔴 Héctor Herrera fue EXPULSADO en la MLS por escupir al arbitro.
— Spidy Atletico 🕷️ (@SpidyAtletico) November 4, 2024
📺 El VAR tuvo que avisarle. pic.twitter.com/x4GWsHi4QG
– Единствената грешка за која жалам ја направив на последниот натпревар.
– Тоа е единственото нешто за што жалам во целата кариера, бидејќи секогаш сум бил коректен на теренот. Досега успевав да се воздржам во вакви моменти, но во таа ситуација не издржав и погрешив, – рекол Ерера, кој открил дека има понуди од МЛС, Саудиска Арабија и други земји.