Ариго Саки традиционално ги коментира најзначајните натпревари во Серија А, а не успеал да најде позитивен аспект на последното реми на дербито меѓу Милан и Јувентус.
Поранешниот тренер на „росонерите“ смета дека Милан веќе треба да се откаже од амбициите за скудетото, бидејќи тоа е недостижно, а немал пофални зборови ниту за пристапот на гостите од Торино.
– Бев на „Сан Сиро“ да гледам две екипи кои имаат големи амбиции во Серија и се дел од Лигата на шампионите.
– Тоа значи дека бев сведок на најдосадниот натпревар кој сум го гледал, без „искра“ на двете страни. Ако Јувентус може да се правда со многуте отсутни фудбалери, Милан целосно ме разочара.
– Седев блиску до Франко Барези и Даниеле Масаро и им реков дека ако продолжат со овој интензитет двајцата не би имале проблем да се снајдат на теренот и на оваа возраст.
– Не може само тренерот да биде виновен за слабите резултати, тој не ги избрал сите фудбалери кои се дел од тимот. Леао не е вистински лидер поради својот карактер, на еден натпревар игра добро, а на следниот не се појавува. Тоа е исто како одите на рибарење и не знаете дали ќе се вратите со полупразна или полна корпа. Мислам дека Милан треба да заборави на скудетото, пред нив има многу побрзи тимови, кои имаат и свој идентитет на теренот, – рекол Саки.