Никлас Бендтнер, славниот „лорд“ кој во кариерата играше за Арсенал и Јувентус, беше нападнат на улиците на Њујорк. Нападот е снимен на видео од безбедносната камера.
Поранешниот дански напаѓач се шетал со пријател кога бил нападнат одзади од напаѓач со нож.
Кон него притрчал 25-годишен маж кој имал нож. Набрзо овој млад човек бил уапсен и обвинет за обид за убиство.
Пријателот на Данецот се здобил со повреди на лицето и увото и му била укажана помош во болница. Бендтнер самиот го пријавил инцидентот.
„Да, можам да потврдам дека јас сум на видеото. Дали можеше јас да бидам нападнат, немам коментар за тоа. Жртвата е поранешен професионален фудбалер кој шеташе со нас“, одговори Бендтнер откако се појави видеото.
"Лордот" остана запаметен како напаѓач со најголема самодоверба во историјата на фудбалот (барем на тестирањата), а од 2005 до 2014 година го носеше дресот на Арсенал.