Актерката од култниот филм „Сам дома“ неодамна се појави на модна ревија: Еве како изгледа денес

Точка

25/11/2024

21:03

847

Големина на фонт

а а а

Секоја зима, филмот „Сам дома“ за многумина е незаменлива празнична традиција, а со оглед на тоа што поминаа повеќе од 30 години од неговото првично прикажување, многумина се прашуваат како денес изгледаат актерите од филмот.

Заедно со незаменливиот Кевин, кој го толкуваше Меколи Калкин, кој денес има 44 години, неодамна со своето појавување внимание привлече и актерката Кристин Минтер, која во филмот ја толкуваше најстарата сестра Хедер Мекалистер.


Актерката денес има 59 години, а на својот инстаграм профил сподели снимки од ревијата која беше дел од „New York Fashion Week“ со што привлече особено внимание.

Имено, актерката се појави на ревијата на Денис Бас, а со оглед на тоа дека сите ја паметат како девојката од култниот филм, многумина ги интересираше како таа изгледа денес.

Таа дури и на својот инстаграм профил ја сподели веста за нејзиниот изглед, велејќи дека е лудо што и понатаму се појавуваат такви вести.


Покрај улогата во филмот „Сам дома“, Минтер се појави и во филмовите „Cool as Ice“, „What If“, „Diamond Men“, „Honeyglue“.


Филмот од 1990 година е актуелен пред зимските празници, а ширум светот се гледа одново и одново во периодот на Божиќ и Нова година.

Инаку филмот заработи 285 милиони долари од кината во САД, а во текот на годините кои следеа го зацврсти своето место како еден од најголемите божиќни филмови на сите времиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг