[ВИДЕО] Месец дена беше затворен во темница, а потоа излезе на светлина: Врескаше од болка – „Исто како илјада ножеви да ми се забодени во очите“

Точка

25/11/2024

18:48

594

Големина на фонт

а а а

Австралискиот јутјубер Норме верува дека поставил светски рекорд за престој во темна просторија и тоа 30 дена без никаков извор на светлина. Тој успешно го заврши бизарниот предизвик кој неговите следбеници можеа да го гледаат во живо 24 часа на интернет.

Овој Австралиец и претходно имаше бизарни предизвици, па така тврдеше дека успеал да остане буден 12 дена, како и дека изел кактус.


Во изминатиот период, 20-годишникот споделуваше 24/7 пренос во живо од собата во која 30 дена беше заробен во темница. Секој ден, десетици илјади негови следбеници следеа како му оди, а во еден момент работите не изгледаа многу добро.

По 22 дена од предизвикот, кој започна на 16 октомври, се чинеше дека темната соба почнала да го „погодува“. Во еден момент камерата го сними младото момче како се ниша напред-назад и гризе нешто.


Обожавателите беа загрижени дека го изгубил умот, а еден од нив коментираше: „Ве молам кажете ми дека не ја гризе вратата?!“. Друг се надоврза велејќи дека: „осаменоста може да го полуди човекот“.

Имаше и такви кои не беа воодушевени од потфатот на јутјуберот, па така еден следбеник напиша: „Тој само бара внимание. Со месеци престојував во самица и не е толку страшно“.

По еден месец „заробеништво“, јутјуберот на 15 ноември излезе надвор, а неговиот пренос во живо го следеа 100.000 луѓе. Тој беше во придружба на неговиот пријател, а на главата носеше крпа за да се заштити од светлината.


Потоа тој ги откри очите, погледна кон небото и врескаше од олеснување, но почна и да се однесува неконтролирано. Скокаше горе-долу, испушташе чудни звуци и велеше дека „очите ужасно го болат“.

„Како илјада ножеви да ми се забодени во очите. Како да сум во друга димензија“, му кажа Норме на својот пријател кој снимаше.

Исто така гледачите забележале бројни дамки на неговата маица и заклучиле дека „не се туширал еден месец“. Додека други беа загрижени дека тој се однесува како „луд научник“ и побараа од него да престане со бизарните предизвици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг