[ВИДЕО] Трикот кој ги „запали“ социјалните мрежи: Еве како да заспиете за 3 минути!

Точка

25/11/2024

21:33

3.437

Големина на фонт

а а а

Постојано слушаме колку е важен осумчасовниот сон. Но, ретко кој може да си го дозволи тоа во денешно време, бидејќи често, колку и да се трудиме, сонот не ни доаѓа.

Дури и ако имате рутина за спиење, а вашите анатомски перници, лесната постелнина и чајот не ви помагаат, виралниот „лекар“ чиј прекар на ТикТок е @youngeryoudoc, сподели неколку интересни совети во своето видео, кое досега го погледнале стотици илјадници луѓе.

Ако имате проблеми со спиењето, овој тиктокер има совет за вас – масирајте ја внатрешната страна на зглобот две до три минути и подготвени сте за лесни и мирни соништа.

Покрај практичниот трик за соништата, во видеото можете да погледнете и како на брз и ефикасен начин да се ослободите од стресот.



Ако ниту овој совет не помогне, обидете се да ја декорирате просторијата со темни нијанси.

Да, темните нијанси создаваат чувство на помал простор, но се одлични за создавање пријатен амбиент, а темните бои се исто така многу популарни во моментов. Дури и ако не се одлучите за целосно темна соба, можете да користите темни детали или барем темна постелнина за да го направите вашиот простор за спиење релаксирачка оаза во која можете брзо да потонете во сон.