Која е Злата Бартл, жената која стои зад омилениот балкански зачин?

Точка

25/11/2024

15:33

2.309

Големина на фонт

а а а

Од Копривница, Хрватска, зачинот Вегета стаса до кујнските полици ширум светот на пет континенти. Меѓутоа додека речиси сите ја знаат Вегета, малкумина знаат кој го создал овој вкусен зачин.

Која е Злата Бартл?

Во 1920 година, во гратчето Долац кај Травник се родила Злата Бартл, жената која дури и кога била дете не ја интересирале приказните или бајките, туку хемијата.


Нејзините амбиции станаа реалност кога замина да студира на универзитетот во Загреб. Таму студирала не само едно област, туку четири – хемија, физика, математика и минералогија.

Таа исто така била и полиглот – покрај мајчиниот јазик, професорката Бартл зборувала и англиски, германски, шпански, италијански и француски. По студиите, Злата се вратила во Сараево каде почнала да работи како професорка. Меѓутоа, ова можеби бил и најтешкиот период од нејзиниот живот.

Само едно погрешно разбрано училишно патување во Италија сменило сè

Југословенската влада, погрешно го протолкувала ова патување, поради што Злата била лишена од слобода и била притворена во затвор, а добила казна од осум години. Меѓутоа во затворот поминала 15 месеци, бидејќи откако се заразила со туберкулоза на коските, била условно ослободена но од оваа болест страдала до крајот на животот. Но, на нејзините маки тука не им бил крајот.


Во 1955 година таа заминала на патување од Сараево во Загреб, не знаејќи дека поради големиот снег и зимата таму ќе остане. Меѓутоа по враќањето дознала дека ја изгубила нејзината прва и последна љубов, свршеникот Драгутин Станфел.


Неговиот гроб никогаш не бил пронајден, а Злата Бартл решила до крајот на животот да ѝ се посвети на кариерата.

Своето време го поминувала проучувајќи стручни списанија и публикации, а нејзината стручност ја привлекла копривничката компанија Подравка, која барала хемиски техничар за лабораторијата.


Во тоа време, на Подравка ѝ беше потребен изум кој ќе ја лансира компанијата на самиот врв.

Набргу потоа, во 1958 година, беше претставена Вегета, која ја измисли тим предводен од професорката Бартл, а поради својот состав овој зачин остана еден од најзначајните балкански производ до ден-денес.

Иако многумина со децении се обидуваа да го плагираат овој производ, никој никогаш не успеа во тоа.



Иако освои многу награди и признанија, Злата Бартл остана најпозната како „тетка Вегета“, жената која остави свој белег во балканските домови и чијашто магија засекогаш го промени светот на вкусовите, а почина на 30 јули 2008 година.