[ВИДЕО] Бебе не сакало кучето да остане без грицки: Она што го направило ќе ви го стопи срцето

Точка

25/11/2024

19:29

670

Големина на фонт

а а а

Односот помеѓу децата и кучињата е посебен и прекрасен, а многу од родителите се среќни што сведочат таква поврзаност помеѓу децата и нивните миленици. Таков е случајот и со малото девојче Каи, кое имало преслатка интеракција со домашниот миленик.

Имено, деветмесечната Каи едела на своето детско седиште и јадела грицки, а до неа било нивното куче од расата германски овчар. Таа не сакала нејзиното милениче да остане без храна, па решила да ги сподели своите грицки со него. Каи одела по принципот „едно за мене, друго за тебе“, а мајка ѝ успеала да го сними овој пресладок момент меѓу нив.


Германскиот овчар цело време трпеливо чекал да дојде на ред и на ниту еден начин не покажал незадоволство. Тој ги воодушеви луѓето со своето трпение, кои го пофалија неговото однесување, но упатија пофалби и до бебето кое веќе покажува добрина на толку млада возраст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг