[ФОТО] Ова е најчистата земја во светот: Ќе добиете казна од 450 евра доколку не пуштите вода во тоалетот

Точка

19/11/2024

19:39

3.044

Големина на фонт

а а а

Поради својата стратешка положба, Сингапур е наречен Гибралтар на Азија, а на санскритски „Сингапур“ значи „град на лавовите“.

Во оваа богата земја постојат неколку чудни и бизарни правила, а ова се некои како дел од десетте занимливости за уникатниот Сингапур.


1. Светската организација за тоалет беше основана во Сингапур, а со оглед на тоа што Сингапурците многу внимаваат на чистотата, доколку не пуштите вода пред излегувањето од тоалетот, може да бидете казнети со 500 долари (468 евра).



2. Сингапурците можат да гласаат на британските изборите. Бидејќи земјата е членка на Комонвелтот па поради тоа нејзините граѓани го имаат ова право.

3. Земјата се протега на вкупно 63 острови, а на многумина од нив не се препорачуваат прошетки, бидејќи се ненаселени или служат како воени или индустриски зони.



4. Пиењето пијалаци сред небо овде е речиси возможно, бидејќи постои бар на врвот на облакодерот висок 282 метри, а кој е еден од највисоките барови во светот.

5. Сингапур е само една од трите земји кои немаат главен град. Останатите две се Монако и Ватикан.



6. Во оваа земја постојат четири официјални јазици: англиски, мандарински, тамилски и малезиски.

7. На санскрит Сингапур се преведува како „град на лавовите“, а интересно е тоа што во земјата воопшто не постојат лавови.


8. На еден универзитет во Сингапур, многумина се развеселија кога автоматот на Кока-Кола почна да дели бесплатни лименки откако го прегрнаа.

9. Според едно британско истражување, луѓето во Сингапур најбрзо одат, просечно 6,15 км/ч.


10. Гумите за џвакање се забранети во Сингапур, но на странците им е дозволено да внесуваат две пакетчиња. Меѓутоа повеќе од тоа се смета како обид за шверцување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг