[ВИДЕО] „Најубавиот божиќен пазар на светот“ ги разлути мештаните: „Ситуацијата стана неподнослива“

Точка

17/12/2025

18:16

491

Големина на фонт

а а а

Адвентот во Виена, кој често се нарекува „најубавиот божиќен пазар во светот“, во последните денови предизвикува бројни дискусии на социјалните мрежи.

Како и секоја година, и оваа зима бројните божиќни пазари привлекуваат милиони посетители. Меѓу нив е и, според американскиот информативен канал „CNN“, најубавиот божиќен пазар во светот – виенскиот „Christkindlmarkt“ на „Rathausplatz“, пишува „Heute“.

Но токму тие огромни гужви сега предизвикаа негодување на социјалните мрежи. „Кога за викенд ќе дојдеш во Виена и ќе донесеш половина Европа со себе“, коментирала извесна посетителка на ТикТок. Во позадина се гледаат згуснатите маси луѓе пред Виенската градска куќа, поради кои од пријатната адвентска атмосфера останало многу малку.



Разочарани и огорчени Виенчани

„За некој кој е роден и израснат во Виена, ова е многу депресивно – во својот град веќе не можам да одам на ниту еден божиќен пазар“, напишала една Виенчанка. Со тоа ги сумирала чувствата на многу жители на градот, кои сметаат дека ситуацијата станала „навистина неподнослива“.

Ова не важи само за оние кои бараат предбожиќна атмосфера, туку и за оние кои „двапати дневно мораат да минуваат низ таа гужва“. „Благо речено, не сум воодушевен“, вели еден Виенчанец.


Мала утеха може да биде фактот дека „така е секаде во светот“, како што коментира еден корисник. Друга личност пак нуди совети како да се избегнат најголемите гужви, а сепак да се посети божиќниот пазар во Виена: „Постојат и помали божиќни пазари во Виена кои не се толку пренатрупани, а сепак се прекрасни – на пример ‘Spittelberg’.“

Но веднаш му противречеше друг Виенчанец: „’Spittelberg’ е најубав, но исто така и преполн. Навистина, особено навечер и за викенд, посетителите низ тесните улици на тој адвентски пазар буквално ги носат реки луѓе.“