Овие колачиња ги обожувале сите Југословени: Богат вкус без скапи состојки, а готови за миг!

Точка

13/12/2025

21:39

539

Големина на фонт

а а а

Вкусните колачиња што имаат интересен назив – падобранци, им го обележаа детството на многу Југословени.

Во времето кога тортите и колачите со богати чоколадни филови биле реткост, падобранците освојувале со својата едноставност. Домаќинките вешто ги користеле состојките што ги имале при рака – домашни јајца, млеко и ореви од шпајзот.

Затоа денес ќе ги приготвите без мака, а сите потребни состојки сигурно веќе ги имате дома.


Потребни состојки:

За тестото:

• 3 белки;

• 300 г шеќер;

• 300 г мелени ореви;

• сок од лимон;

За филот:

• 3 жолчки;

• 3 лажици шеќер во прав;

• 125 г путер;


• 100 г чоколадо за готвење.

Подготовка:

Изматете ги белките, постепено додавајќи шеќер во прав и лимон, додека не добиете цврст снег. Додајте мелени ореви и соединете со лажица, никако со миксер за да не спадне смесата.

На плех обложен со хартија за печење, ставајте од смесата со лажиче. Печете во претходно загреана рерна на 150 степени, 20-25 минути.


За филот, во чинија добро изматете жолчки со шеќер во прав, па додајте омекнат путер и чоколадо што сте го растопиле на пареа. Изладените падобранци филувајте ги со кремот и спојувајте ги по две, како што се прави за ванилици. Потребно е падобранците да отстојат малку пред да ги послужите за да омекнат малку.