Илјадници луѓе се собрале во центарот на Вашингтон бакнувајќи се под имела најмалку пет секунди истовремено, со што бил соборен Гинисовиот рекорд во број на парови кои истовремено се бакнувале под гранчињата на ова симболична зимзелена грмушка.
За време на манифестацијата „National Kiss Under the National Mistletoe“, 1.435 парови се бакнувале пет секунди истовремено, со што е соборен досегашниот рекорд од 480 парови, соопштиле организаторите, пренесе „Вашингтон пост“.

Директорот на манифестацијата, Герен Прајс, рекол дека соборувањето на рекордот за него има посебно значење, бидејќи идејата за „национална имела“ прв пат ја осмислил пред повеќе од 10 години, за време на запросувањето на неговата сегашна сопруга.


„Со ова му покажавме на целиот свет дека Вашингтон е град на љубовта“, им рекол Прајс на насобраните парови пред заедничкиот бакнеж.


Паровите се собрале под украсот „национална имела“, челична конструкција тешка околу 270 килограми и широка три метри, која била закачена на висина од околу девет метри и украсена со зеленило, црвени ленти и ѕвонче.

Неколку минути пред завршувањето на настанот, официјалниот судија на Гинисовата книга, Мајкл Емприк потврдил дека рекордот бил успешно соборен, што било поздравено со аплаузи и овации од страна на присутните.







