Овој сочен, мек колач мириса на празничните денови и враќа во детството, а се подготвува многу брзо и лесно.
Има богат вкус и е идеален за различни прилики, како десерт после неделен ручек или слатко на посната славска трпеза.
Домашните колачи со афион се обожавани ширум Македонија, особено во текот на празничната сезона, а овошно-чоколадните слатки се одличен избор.
Состојки:
- 250 грама брашно;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 200 грама афион;
- 600 грама јаболко;
- 200 милилитри масло;
- 150 грама шеќер;
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- рендана кора од портокал;
- 200 милилитри вода.

За чоколадна глазура:
- 5 лажици масло;
- 200 грама чоколадо за готвење.
Подготовка:
1. Во еден сад помешајте ги брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, афионот, прашокот за печиво и ренданата кора од портокал.
2. Во друг сад измешајте ја водата и маслото, па додадете рендано јаболко. Потоа додадете ги и сувите состојки од првата смеса, па мешајте додека не се соединат.
3. Ставете ја смесата во плех за печење, па печете околу 35 минути во загреана рерна на 180 степени Целзиусови.
4. Кога колачот ќе се излади, извадете го и превртете го, па прелијте го со чоколадната глазура.
5. Исечете го на коцки, па послужете.
На здравје!





