Американскиот писател Стивен Кинг се осврна на гласините дека Илон Маск му го забранил пристапот до социјалната мрежа „Х“. Инаку Кинг повеќе пати јавно го критикуваше Маск и јасно го изрази своето несогласување со милијардерот. Во пресрет на неодамнешните избори во САД, писателот постојано го исмејуваше Маск поради неговата силна поддршка за новоизбраниот претседател, пренесува „Independent“.
Оваа недела се појави гласина дека една од шегите на Кинг толку многу го налутила Маск така што тој му ја блокирал можноста да објавува на социјалната мрежа „X“, која ја поседува, а се проширија тврдењата дека Кинг го нарекол Маск „првата дама“ на Доналд Трамп.
I see there's a rumor going around that I called the Musk-man Trump's new first lady. I didn't, but only because I didn't think of it. There's also a rumor going around that Muskie kicked me off Twitter. Yet here I am.
— Stephen King (@StephenKing) November 13, 2024
Во меѓувреме Кинг се осврна врз овие гласини и порача: „Гледам дека се шират гласини дека јас го нарекол Маск новата прва дама на Трамп. Не го нареков така, но само бидејќи не се сетив на тоа. Постојат и гласини дека тој ме исфрли од Твитер, а сепак еве ме тука“, напиша Кинг на „Х“.
Во меѓувреме, Трамп ги назначи Илон Маск и Вивек Рамасвами заедно да го предводат на новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, давајќи му уште поголемо влијание на најбогатиот човек во светот.
Претходно оваа година, Маск го „тролаше“ Кинг откако „X“ воведе нова политика која ги избриша сите постоечки сини ознаки на верификуваните профили, наведувајќи дека тие ќе бидат достапни само за претплатниците. Меѓутоа, Кинг, кој беше отворен критичар на намерата на Маск да го укине бесплатната верификација, беше збунет кога виде дека сè уште има сина ознака иако не се претплатил.
Писателот напиша: „Мојот профил на Твитер вели дека сум претплатен на „Twitter Blue“. Не сум. Мојот профил на Твитер вели дека го споделив мојот телефонски број. Не го сторив тоа.“ Додека Маск му одговори на ова: „Нема на што“.